До сега само пет кошаркари ја надминаа таа бројка на вечната листа на стрелци. Германецот се приклучи на елитното друштво кое го сочинуваат Карим Абдул – Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан и Вилт Чемберлен.

Новицки во својата кариера играше два пати во финалето во НБА лигата во дресот на Далас. Првотивник и во двата дуела им беше екипата на Мајами. Прво во 2006 загубија, а пет години подоцна славеа со 4:2 во победи за прва титула во клупската историја. По одличните партии, пред се во финалната серија, Германецот сосема заслужено ја доби МВП наградата во 2011 година.

Покрај победата на Далас над “езерџиите”, повторно одлична партија имаше Расел Вестбрук постигнувајќи 58 поени, но неговата Оклахома претрпе пораз на домашен терен од екипата на Портланд со 126:121.

Резултати: Оклахома – Портланд 121:126, Далас – ЛА Лејкерс 122:111, Феникс – Вашингтон 127:131.