x

Новите правила во Бундес-лигата ќе бидат тест за Англичаните

Фудбалот се враќа во Германија, на 9. мај е закажано продолжението на сезоната. Тамошната федерација на клубовите им испрати правила кои мора да се почитуваат, како ќе се тренира, игра и што ќе се случи доколку некој фудбалер се зарази со коронавирус.

Играчите ќе живеат во тимски хотели или дома, бакнувањето и сексот се забрането, ако некој од нивните партнери ги има симптомите на Ковид-19.

На стадионите ќе има максимум 300 луѓе, вклучувајќи четворица полицајци, 10 новинари, осум редари и 50 припадници од обезбедувањето.

Ако сето ова функционира во Германија, Англичаните ќе тргнат по истиот метод.

Играчите ќе бидат тестирани пред првиот тренинг, а потоа двапати во неделата до крајот на сезоната, еднаш пред натпревар. Кога ќе дојдат на тренинг ќе морат да одат кај здравствените лица.

Контактите на тренинзите треба да бидат минимални, а тимските состаноци ќе бидат одржувани во големи сали. Препораката е дома да се тушираат, и секако сами да се грижат за опремата. Нема да биде дозволено да јадат во клупскиот ресторан, храната ќе се носи дома.

Тимовите на мечевите ќе доаѓаат со неколку авотбуси, ќе бидат на големо растојание. На сите фудбалери ќе им се мери температура, просториите ќе бидат дезинфецирани, вратите да бидат отворени. Ракувањето, заедничкото седење во тунелот нема да биде дозволено, изјавите по истите ќе бидат кратко без одржување на прес-конференции.

Ако останат во клупскиот хотел, мора да имаат маски кога ќе излезат од собите, доколку се дома, мора да избегнуваат контакти со други лица, како на пример гости.

Доколку некој е позитивен, тоа не значи дека целиот тим е заразен, само играчот ќе биде во карантин 14 дена, доколку останатите ќе бидат тестирани.

Како ќе изгледа сето ова ќе видиме за неколку недели…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата