Шест нови грчки министри во владата на Алексис Ципрас положија заклетва во палатата на грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, откако претходната недела грчкиот премиер, Алексис Ципрас, соопшти дека ќе направи мини-реконструкција во неговиот кабинет, пренесе грчката новинска агенција „АНА-МПА“.

Јоргос Катругалос го презеде Министерството за надворешни работи, ресор што беше во рацете на грчкиот премиер по оставката на Никос Коѕијас.

Новите министри кои положија заклетва пред претседателот Павлопулос и премиерот Ципрас се Ранос Моратис (инфраструктура и транспорт), Ангелос Толкас (политиката на миграција), Елефтериа Чацигорги (внатрешни работи) и Константин Баркас (работа, социјално осигурување и социјална солидарност), а Атанасиа Сиа Анагностопулу е назначена за заменик-министер за надворешни работи.

На церемонијата за полагање заклетва на новите членови во реконструираниот кабинет на Алексис Ципрас присуствуваа семејствата на новите функционери и блиските соработници.

извор: Makfax