x

Новите Вардарци ја гледаа катастрофата на нивниот иден тим (ФОТО)

vardar-sileks-igeski-i-petrovic

Новите играчи на Вардар, Александар Игески и Милован Петровиќ, беа на трибините на Националната Арена „Тодор Проески“ денеска, каде го гледаа очајниот настап на своите нови соиграчи во дуелот со Силекс, и поразот од 0:4.

Игески и Петровиќ чекаат дозвола за настап за Вардар, и се чини дека ќе го фатат „последниот воз“. Затоа што на Вардар му се заканува забрана за трансфери, но веројатно овие двајца ќе бидат регистрирани, и со тоа ќе се комплетира ростерот.

Но, Вардар на денешниот меч со Силекс покажа дека има проблеми со средината, кои ќе треба да ги реши Петровиќ, но далеку поголеми се проблемите во дефанзивата која беше катастрофална.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата