Новите американски санкции против иранските компании се психолошка војна, а Вашингтон не го почитува меѓународното право, соопшти иранското Министерство за надворешни работи, пренесува „Спутник“.

„Овој чекор го сметаме за јавен наплив на бес на САД против меѓународните правни механизми што е поврзан со слепата омраза на САД кон народот на Иран”, рече портпаролот на министерството Бахрам Касеми, нарекувајќи ги новите санкции дел од психолошката војна и притисок врз Иран од страна на Вашингтон.

На 16 октомври, Министерството за финансии на САД објави дека вовела санкции за 20 ентитети за наводно давање поддршка на иранските сили за отпор „Басиџ“.

Санкците се насочени кон четири ирански банки – „Банк Мелат“, „Сина банк“, „Парсијан банк“ и „Мехр ектесад банк“ – и пет инвестициски фирми, вклучувајќи ја „Негин Сахел ројал компани“ и финансиската групација „Мехр ектесад“.

Во ма годинавај, САД се повлекоа од иранскиот нуклеарен договор и повторно ги воведоа санкциите против Техеран и против секоја земја која работи со ирански компании. Првата група економски ограничувања стапи на сила во август, а се очекува во ноември да стапат на сила и други санкции.

извор: Makfax