x

Новиот суперлигаш Голден Арт КЛ7 тргна со подготовките (ФОТО)

pripremi-goldenart-kl7-2020-1-of-1-20

Уште еден македонски суперлигаш денеска почна со подготовките за новата сезона. Екипата на Голден Арт КЛ7 предводен од тренерите Андон Бошковски, Билјана Црвенкоска и Димитар Маневски ги започнаa подготовките за новата сезона и ќе се работи согласно донесениот протокол од страна на Ракометната федерција на Македонија, почитувајќи ги сите препораки за тренирање во услови на пандемија.

Според претходно утврден план до 31 јули ќе се работи двапати на ден надвор од сала, додека по големиот македонски празник Илинден, ГА КЛ7 од 3 август ќе почне со комбинирани тренинзи во сала и надвор.

Од 16 август екипата ќе замине на подготовки надвор од Скопје, каде што ќе се одиграат и повеќе подготвителни натпревари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата