Најголемата ѕвезда на сите времиња од екс Ју, Зрдавко Чолиќ, го објавил најновиот спот со нумера “Тебе те чувам за крај”, кој ја посветил на својата жена Александра. А за тоа да биде сосема јасно, во видеото се појавува и таа.

Сцените се снимени во Лисабон, а Чола објаснува зошто го одбрал тој град.

[video:https://youtu.be/dXzGboF2rps autoplay:0]

– Имав идеа спотот да се снимиво Лисабон, со обзир на музиката, со што режисерот и јас размислувавме за тоа. Жанрот на песната е таков, тоа е една врста на саласа, асоцира малку кон фаду, и на латино музика, некој Португал, полубразилско и конечен избор падна на Лисабон – открил Чола, кој во спотот има улога на форограф кој, лутајќи по романтичните улици на португалстата претстолнина и дивиот брег на Атланскиот океан, прави колаж на разновидни слики, кои потоа ги составува во мозаик, барајќи ја онаа вистинската слика која ќе се склопи во мапа.
На крајот на спотот публиката ќе има можност да ја виде конечната слика, т.е. лицето на жената која ја “чува за крај” – Александра Чолиќ со која пеачот е 17 години во брак, мајка на неговите деве ќерки Уна и Лара.