x

Новиот рекордер: Бензема е странец со најмногу настапи во Реал во историјата!

benzema

Карим Бензема е вистинска легенда на Реал Мадрид. Тој ја игра 12-тата сезона во дресот на “кралевите“ а вчера, по мечот со Атлетико Мадрид, е и новиот рекордер кога станува збор за странците. Па така сега Французинот со 528 официјални настапи е странецот со најмногу одиграни натпревари за Реал Мадрид. На оваа вечна листа сега го мина Роберто Карлос која имаше 527 мечеви.

Инаку на севкупната листа со најмногу настапи за Реал во неговата историја, сега Карим Бензема изби на осмото место.

Рекордер е Раул со 741 натпревари, потоа следуваат Касилјас (725), Серхио Рамос (662), Маноло Санчиз (655), Фернандо Јеро (587), Карлос Сантиљана (551), Гути (542), па Бензема (527)…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата