x

Новиот претседател на Баерн против идеја за „Суперлига“

Новиот претседател на Баерн Михен, Херберт Ханер во интервју за „Зидојче Цајтунг“, истакна дека тој е против т.н. „Суперлига“. Засега оваа лига е само идеја, но Ханер е задоволен од сегашниот формат од ЛШ.

„Јас сум против формирање на таква Суперлига. Сегашниот формат на Лигата на шампионите е одличен. Не ни треба уште едно такво натпреварување“, рече Ханер.

Ханер е наследниот на Ули Хенес кој што по долги години се повлече од функцијата претседател на „Баварците“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата