И додека Ангела Меркел со повик до ЕУ да не се потираат повеќе на САД, откако Доналд Трамп го раскина нуклеарнит договоро со Иран, американскиот амбасадор во Германијауште Ричард Гренал, уште првиот ден предизвикал дипломатски инцидент поради што јавно е опоменат.

Како што пренесува РТ, за само неколку часа откао ги предал акредитивите на германскиот претседател, Гренал со изјава преку Твитер ја преминал линијата на пристојноста на еден дипломат.

Имено, откако преседателот Доналд Трамп објавил дека САД се повлекуваат од иранската нуклеарна спогодба, Гренал на својот Твитер објавил дека германските компании кои работат со Иран, треба се повлечат, бидејќи секој кој работи со Иран, поради санкциите на САД, ќе трпат последици.

Таквиот тон на новиот американски амбасадор на САД во Германија, негодување, при што амбасадорот е опоменат на социјалните мрежи дека не треба така да се обраќа во земјата домаќин, и да покажува ароганција и недостаток на такт.

Најостра порака до Гренал испратил некогашниот германски амбасадор во Амрика и Велика Британија, искусен дипломат Волфганг Ишингер, кој му порачал дека неможе да издава наредби на земјата домаќин.

“Објаснете ја политиката на сопствената земја, лобирајте за земја која ви е домаќин – но никогаш не и зборувајте на земјата домаќин што да прави доколку сакате да немате проблеми”, го посоветувал Ишингер новоизбраниот американски амбасадор исто така по Твитер.

Меѓу критичарите на Гренал се јавил и лидерот на Германските социјалдемократи Андра Налес, кој го изнел своето мислење дека Трамп требал да одбере амбасадот кој малку повеќе има чуство за дипломатија.

“Не на мене да ги учам луѓето за финеси и умешности во дипломатијата, особено на американскиот амбасадор. Но, на него навистина му треба туторство”, рекол Налес.