Пласманот на Македонија на Европското првенство силно одекна во светот на фудбалот. Нашите момци се хит, за победата над Грузија и историскиот момент во Тбилиси ќе се зборува долго време.
Секој на свој начин го пренесе нашето учество на континенталниот собир, а во центарот на вниманието се најде еден новинар на „Eurosport“, кој кратко и јасно пиша.
„Горан Пандев ја однесе Македонија на ЕП 2021, ова е единствената фудбалска приказна која ви е потребна денеска“.