Меланија Трамп својата поќерка Иванка ја нарекувала Принцеза, а пак, таа, ѝ го дала прекарот Портрет затоа што малку зборува.

Нивните прекари беа откриени во новата книга The Art of Her Deal: The Untold Story of Melania Trump, биографија на Меланија Трамп, напишана од новинарката на „Вашингтон пост“, Мери Џордан.

Во книгата е прикажан напнатиот однос помеѓу првата дама и ќерката на Трамп од неговиот прв брак, која денес работи како негова советничка.

„Ја слушнаа Меланија дека Иванка ја нарекува Принцеза“, пишува Џордан.

Таа додава дека Иванка на маќеата ѝ дала прекар Портрет затоа што зборувала толку често колку и портретот, делови од книгата пренесува „Њујорк тајмс“.

Белата куќа ги негира тврдењата во книгата.

„Овие тврдења се далеку од вистината, а ‘Вашингтон пост’ и издавачите требаше да ги проверат фактите во канцеларијата на Иванка, тие требаше да го знаат тоа“, рече заменикот на портпаролката, Џуд Деер.

„Хит-книгите како оваа служат само за поттикнување непостојни интриги и не се достојни за хартијата на која се отпечатени“, продолжи тој.

Кабинетот на Мелани соопшти дека авторката на книгата не им доставила целосен список на податоци што треба да ги проверат.

извор: Makfax