Според една нова студија, секој четврти човек ќе доживее мозочен удар на возраст од 25 години или подоцна.

Истражувачите од Институтот за здравствена метрика и евалуација ги проучиле ризиците од мозочен удар на глобално и регионално ниво во 1990 година и повторно во 2016 година, а потоа ги споредиле, со што дошле до заклучок дека ризикот за мозочен удар од 25-годишна возраст, па натаму е 24,9 отсто, а во 1990 година истиот изнесувал 22,8 отсто.

Во студијата се напоменува дека бил проценет само ризикот кај лица над 25-годишна возраст бидејќи мозочниоте удари кај помлади лица се многу ретки.

Доктор Грегори Рот, авторот на студијата, истакнува дека ризикот од мозочен удар е највисок во Источна Азија, Централна Европа и Источна Европа, односно над 30 отсто.

Најголем е ризикот кај мажите во Кина – 41,1 отсто, и кај жените во Латвија – 41,7 отсто.

Кај луѓето од супсахариска Африка постои најмал ризик од мозочен удар.

извор: Makfax