Ново видео се појави од Бејрут на Интернет од моментот на катастрофалната експлозија во пристаништето минатата недела.

Најпрво се гледа дебел час во далечина и пожар кај складиштето на пристаниште, а потоа се гледа како зградите една по една исчезнуваат.

ВО силната експлозија која го погоди Бејрут повеќе од 200 луѓе загинаа, а повредени се повеќе од 6.000 лица, соопшти либанското Министерство за здравство, додека десетици се наведени како исчезнати.

Ужасната експлозија во пристаништето во Бејрут била предизвикана од повеќе од 2.700 тони амониум нитрат, кој бил складиран во магацинот шест години, откако бил конфискуван од царинската служба.

После експлозијата во Бејррут избија насилни протести каде се бараше одговорност од владата која денеска на пладне официјално поднесе оставка.