Здружението “Хуманост без граници” Прилеп и сајтот www.donacii.mk, со задоволство Ве известуваат дека на Google Play store и Apple App store објавена е мобилната апликација ДОНАЦИИ достапна за сите телефони кои имаат Android или IOS оперативен систем.

Апликацијата ги прикажува сите активни апели за помош за лекување за кои има донациски броеви и овозможува брзо и едноставно донирање. Корисна е за сите оние кои сакаат да донираат некому а не знаат кој има потреба од помош или имаат потешкотии да се снајдат со сите апели и точните броеви за донации.

Апликациите можат да се симнат на следните линкови.
За IOS – https://itunes.apple.com/mk/app/donacii/id1078774760
За Android – https://play.google.com/store/apps/details?id=com.humanost.donacii

Ние, како непрофитно хуманитарно здружение, би биле многу благодарни доколку оваа новост ја споделите со Вашите читатели. На тој начин искрено се надеваме дека оваа информација ќе стане достапна на се повеќе луѓе кои ќе помогнат на оние на кои помошта им е најпотреба.

Заедно да ја шириме и промовираме хуманоста.