Националното координативно тело за заразни болести на Црна Гора одлучи самоизолацијата при контакт со заболен од Ковид-19 да трае 21 ден, пишуваат медиумите од Подгорица.

На предлог на Институтот за јавно здравје, изменети се наредбите на Министерството за здравство кои се однесуваат на карантин и самоизолација на лицата кои биле или се сомнева дека биле во контакт со заболени од Ковид-19 или за контакт со лица за кои постои сомнеж дека се заболени од оваа болест, соопшти црногорската Влада.

Самоизолацијата до оздравување, а најмалку 21 ден, е одредена и за оние кои имаат позитивен ПЦР тест за новиот вирус и имаат благи симптоми или се без симптоми на болеста.

извор: Makfax