x

Нова маестрална партија на Манасков

manaskov

Дејан Манасков блеска оваа сезона во дресот на Веспрем. По рекордот пред некој ден и реализираните 16 голови, македонскиот репрезентативец денеска одново беше најдобар во редовите на унгарскиот првак.

Веспрем го совлада Егер со убедливи 40-21 (20-12) за десетти триумф во низа сезонава, а Манасков со девет погодоци беше најдобар.

И на оваа средба избраниците на Давид Дејвис името на победникот го реши по првото полувреме, имаше позитива од осум гола, до крајот беше само формалност.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата