Словенечкиот производител на природни овошни сокови “Фруктал”, во макдонската фирма-ќерка “Фруктал Мак”, до крајот на годинава ќе вложи 2 милиони евра за набавка на софистицирана линија за производство на овошни сирупи. Како што истакна на неодамнешната средба со новинарите Бранко Томажиќ, помошникпретседател на Управниот одбор на “Фруктал” од Ајдовшчина, новата инвестиција, треба да придонесе за намалување на транспортните трошоци врзани за пласман на готови производи од Словенија во земјава, првенствено на овошни сирупи, но и на детски овошни кашички, како и за поголема покриеност на македонскиот и на соседните пазари со овој вид прехранбени производи. -Поради лошите временски услови, изминатите две години, бевме принудени место од Македонија, овошје, во прв ред кајсии и праски, да набавуваме од увоз. Но и покрај тоа, иден приоритет на нашата компанија ќе биде зголемување на откупот на суровина од домашните проиозводители, одржување на воспоставените кооперантски односи со производителите на суровина, но и проширување на соработката со нив, бидејќи, најголемиот дел од овошјето наменето за преработка во македонскиот производстевен капацитет на “Фруктал” се обезбедува од македонското производствено поднебје, а и над осумдесеттина отсто од производството се пласира на македонскиот пазар, истакна Томажиќ. По јулската афера за пласман на радиоактивен сок од боровница на српскиот и пазарот во Црна Гора, продажбата на фрукталовите производи во тој регион, но и на пазарите на другите поранеш ни југословенски републики, според Андрејка Липовж, претседател на Управниот одбор на “Фруктал”, опаднал за над десетина проценти. “Реално, надолната линија на продажбата на на- шите производи во Србија и Црна Гора, не е последица само на оваа афера, бидејќи таму, пласманот на производите и минатата година, во споредба со 2002 беше на ниско ниво. Оттаму, според на- шите калкулации, неосновано е до крајот на годинава да очекуваме подобрување на ваквата состојба, рече Липовж.” Загубата од над 228 милиони словенечки толари, само во првото пологододие од годинава, како што истакна Тома- жиќ, е резултат не само на аферата со радиоактивниот сок од боровница, туку и на зголемените царински давачки со влезот на Словенија во Европската унија. “Причина плус за ваквата состојба е и годинеш нава, во споредба со лани, на светските берзи двојно зголемена цена на основниот репроматеријал за производство на соковите – шеќерот. “ Поради ова, влезните трошоци на фрукталовото производство се речиси за три пати поголеми, заклучи Томажиќ.