Коронавирусот и натаму е голем проблем во Серија А. Најновите информации кои доаѓаат од оваа земја е дека и во Наполи за кого настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас има позитивни на Ковид-19.
Станува збор за еден фудбалер и еден член на управата, засега не се откриваат нивните имиња.
Новонастаната ситуација може да донесе нови главоболки за селекторот, Игор Ангеловски пред дуелот со Косово.
Ова е второ тестирање во редовите на Наполи, по дуелот со Џенова. Според протоколите ќе следи и трето тестирање, да се надеваме дека Елмас сепак ќе му се приклучи на нашиот најдобар национален тим за пресметката со Косово.