„… Нова влада нема да има ни в април ни во мај ни во јуни. Што побрзо го сфатите тоа ќе биде подобро за вас“, одговори денеска премиерот Зоран Заев од собраниска говорница реплицирајќи му на пратеникот Антонијо Милошоски кој предупреди дека е непринципиелно пред избори и евентуално доаѓање на нова влада да се именуваат амбасадори во САД, НАТО, Софија и во Израел, пренесе Пресинг.ТВ.

Милошоки го потсети Заев на изјавата на Димитров пред неколку години дека „влада во заминување не треба да поставува амбасадори“ и оти не треба како земја да се доведеме во состојба да треба да се отповикува или да го враќа дома.

Ставот на премиерот е дека е потребно е да се постават амбасадори час поскоро и рече дека ќе разговара со министерот Никола Димитров за итно поставување амбасадор во НАТО.