Собраниската комисија за одбрана и безбедност ја стартуваше јавната расправа за новите законски решенија за формирање Агенција за национална безбедност и за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

Професорите од оваа област сметаат дека овие закони се добар почеток за реформирање на безбедносниот систем, но предупредуваат дека овој систем треба да биде целосно деполитизиран.

Според првиот човек на МВР, овој реформски закон е еден од клучните кои треба да и ги отворат вратите на земјава кон НАТО и ЕУ.

Со предложените законски измени, предвидено е Агенцијата за национална безбедност да ја замени сегашната УБК. Овие законски решенија досега ја минаа првата собраниска фаза, а за кончено донесување ќе биде неопходно 2/3 мнозинство. Според најавите оваа агенција ќе стартува со работа од 1 јуни.