x

Новата сезона во Холандија почнува со гледачи на трибините!

Наредната сезона во Ередивизијата ќе започне во септември, и веднаш на мечевите во најквалитетната лига во Холандија ќе има и гледачи на трибините. Фудбалскиот сојуз на таа земја денеска ја објави радосната вест за фановите на фудбалот во земјата на Лалињата. Сепак нема да бидат полни стадионите. Имено ФСХ им достави посебен протокол на сите клубови, напишан на 80 страници на кои сите треба да внимаваат со оглед на коронавирусот кој е присутен и во таа земја. Кога сме кај фановите да кажеме дека сепак ќе има ограничувања. Имено на натпреварите можат да бидат само домашните навивачи, а капацитетот на стадионите не може да биде пополнет повеќе од 15 до 35 посто.

Да потсетиме дека Владата на Холандија во април и дефинитивно го прекина фудбалот во таа земја, со назнака дека таа забрана ќе трае се до 1 септември.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата