Првото теренско испитување на вакцина против тифус, која може да се користи кај малите деца, пружа заштита за 81,6 проценти од примателите, отворајќи пат на подобра контрола на болеста, која годишно погодува 11 милиони луѓе и убива околу 117 илјади.

„Испитувањето во Непал пружа први докази на примероци и потенцијалот на вакцината во подобрување на здравјето на децата во некои од тие многу ранливи популации низ светот“ вели водителката на истражувањето Ендру Полард од британскиот универзитет „Оксфорд“.

Спречувањето на тифусот стана многу важно поради тоа што некои видови, особено во јужна Азија, постанаа отпорни на антибиотици. Во Пакистан моментално во ек е епидемија на тифус отпорен на антибиотици.

Во светот постојат два вида вакцини против тифус, една во капсули преголеми за децата да можат да ги проголтаат, а другата, во облик на инекција, не делува кај деца помлади од две години.

извор: Makfax