Новак Ѓоковиќ започнува со серијал на едукативни предавања во живо на Инстаграм во кои ќе дискутира за филозодфијата на животот, преку теми за намерите и дисциплината.

Тој серијалот го започна со разговор со неговиот долгогодишен пријател Шервин, за кој Новак вели дека го живее с еона кое што го зборува.

Новак изјави дека ја започнува оваа серија на тема намера и дисциплина, затоа што со намера започнува сè. Тој смета дека ако ги поставиме нашите приоритети и знаеме што сакаме да станеме, сè друго тече. И така ги исполнуваме нашите животни соништа.

Двајцата разговора за филозофијата на животот, потенцирајќи дека секој има своја вистина и дека сите вистини се точни, и дека сите треба да се стремиме да станеме најдобра верзија на себе си, да достигнеме повисоко ниво на свест.

Зборувајќи за намерите и за тоа како стана тенисер, Новак истакна дека виша сила му дозволила да игра тенис, бидејќи неговото семејство никогаш не допрело рекет.

„Тешките времиња ги обликуваат вашите намери и соништа“, рече Ѓоковиќ, осврнувајќи се на растењето во Србија во 90-тите години, но исто така го спомна Нико Вујичиќ како една од неговите големи инспирации.

Тој изјави дека мора да работи на себе затоа што е свесен дека  има потиснати чувства, но дека на теренот секогаш се чувствува подобро.