Како што јавува  Газета дело Спорт, српскиот ас се наоѓал пред развод со својата сопруга Јелена со која го има двегодишниот син Стефан.

“Се е и натаму целосно неофицијално, но има приказни дека Новак Ѓоковиќ бил пред развод во јуни”, пишува Газета.

Оттогаш почна и кризата кај Србинот кој освен што испадна во второто коло од Вимблдон, беше елиминиран и на стартот од Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Веќе загуби многу бодови, а сега се соочува и со повреда која се заканува да му ја уништи сезоната и да му ја заврши предвреме.