x

Ни обложувалниците не веруваат во чудо на нашите фудбалерки против Франција

makedonija-zeni

Македонската женска репрезентација вечерва е домаќин на фаворитот Франција во квалификациите за Европското првенство. Македонија има само една победа и дури четири порази, а против Франција ќе им треба чудо.

Причина е што нашиот национален тим се најде во проблем. Селекторот Кирил Изов не може да го склопи мозаикот поради отсуството на неколку фудбалерки. Најдобрата Наташа Андонова нема да се појави на денешната средба, а поради коронавирусот составот претрпе големи измени.

Французинските имаат три победи и им се смешка уште една. Тоа го зборуваат и квотите на светските обложувалници. За кец на Македонија квотата е 54.00, за Х е 34.00. За двојка не даваат што значи дека сметаат дека Франција сигурно ќе победи во Скопје.

Денешното соочување на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде прво меѓусебно со Французинките.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата