x

НИ АНГЛИЈА, НИ ИТАЛИЈА: Манџа оди во Катар

Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ веќе е во Катар каде во наредните часови треба да го финализира трансферот во локалниот тим Катар. Договорот ќе биде завршен во рок од 48 часа.

Во последните месеци се шпекулираше дека Хрватот ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, Баерн или Милан. Сега работите на теренот велат дека тој скоро сигурно ќе има нов тим во наредните часови и тој нема да биде ниту еден од горенаведените.

Напаѓачот не е во плановите на тренерот на Јуве, Маурицио Сари и не игра од почетокот на сезоната. Тој не можеше да се справи со огромната конкуренција во нападот на „Старата Дама“, поради што интензивно бараше нов клуб. Во Катар, секако, прв избор се високите финансиски услови кои му се понудени.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата