x

Ништо од мега – Њукасл, Саудијците и официјално се откажаа!

bin-salman

Големо разочарување за сите фанови на Њукасл, ништо од нов мега – клуб во Премиер лигата. Претставниците на Инвестициоскиот фонд, на чие чело е Мохамед бин Салман, објави дека тие ги повлекле тие 300 милиони фунти кои беа потребни за преземање на клубот од “Сент Џејмс Парк“. Засега причните не се детализираат, но јасно е дека Њукасл ќе биде без многу петро – долари. Овој клуб требаше да биде купен од најбогатото семејство во светот, кое вкупно тежеше некаде околу 350 милијарди долари.

Саудијците во соопштението се вадат со тоа дека сега е време на Ковид-19, но корона имаше и пред три месеци. Се чини дека зошто не добија “виза“ и покрај долгото чекање е тоа дека во С. Арабија постои голем пазар на пиратски преноси од Премиерлигата. Или барем тоа е една од причините.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата