x

НИШТО ОД Е. ПЕЛИСТЕР: Алиловиќ останува во Пик Сегед до 2023 година

Пик Сегед денеска и официјално го продолжи договорот на Мирко Алиловиќ до 2023 година.

Хрватскиот голман кој беше на радарот на Е. Пелистер, сепак, се реши да ја прифати понудата на унгарскиот состав и да остане онаму каде е веќе две години.

34-годишниот голман потпиша дојде во Сегед со трансфер од Веспрем во 2018 година и одигра 78 натпревари за унгарскиот состав.

„Моето семејство и јас живееме многу среќно во Сегед, па среќен сум што потпишав нов договор со клубот“, изјавил Алиловиќ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата