x

НИШТО ОД БИЗНИСОТ: Продажбата на Њукасл ќе пропадне поради пиратерија

Продажбата на Њукасл Јунајтед, кој требаше да стане сопственост на инвеститори од Саудиска Арабија, би можела да пропадне поради правилата на Светската трговска организација за пиратерија.

Иако навивачите на Њукасл чекаат со години да го видат Мајк Ешли како го напушта клубот, тоа може и да не се случи во оваа, 2020 година. Се чинеше дека Ешли конечно најде купувач кој ќе му даде доволно пари за Њукасл, но проблемот излезе од позадина.

Како што пишуваат англиските медиуми, Инвестицискиот фонд кој сака да го купи клубот е всушност фонд кој е финансиран од буџетот на Саудиска Арабија, земја во која се кршат човековите права. Сега проблем плус излезе и пиратеријата, која со години е проблем во Саудиска Арабија. Светската трговска организација се справува со случајот меѓу Саудиска Арабија и компанијата „beoutQ“, која е обвинета за нелегално преземање на емисии на спортски настани, вклучително и Премиер Лигата.

Правата за Премиерлигата на Блискиот исток ги има телевизијата БеиН, која ги обвини Саудијците за кражба на натпревари. Владата на Саудиска Арабија вели дека не постои поврзаност помеѓу нив и каналот кој е обвинет за пиратерија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата