Поранешниот албански претседател Бујар Нишани ја обвини Владата во Тирана дека дозволила повеќе градови во земјата да се под контрола на мафијашки групи. Нишани според албанската новинска агенција „Балканвеб“ на својот профил на Фејсбук, нагласува дека состојбата во земјата е полоша од онаа во 1997 година.

Тој истакнува дека и покрај тоа што власта ги знае кои се мафијашките групи, нема преземено ништо против нив.

„Трговијата со дрога почнувајки од Канабисот, херионот, па се до кокаинот ги има отворени сите потребни канали и им овозможи на оние кои се на власт да станат богати. Со милијардите кои се заработуваат од дрогата се купуваат избори, се финасираат медиуми, а и се заработуваат за лични бизниси“ нагласува екс претседателот на Албанија, Нишани.
 

извор: Makfax