x

Ница му врачи отказ на Патрик Виеира

vieira-e1607102395234

Францускиот прволигаш Ница се раздели со досегашниот тренер Патрик Виеира. Поранешниот капитен на Арсенал доби отказ поради лошите резултати, пет порази по ред, а капак на се беше поразот од Баер Леверкузен на домашен терен со што означи крај на надежите на францускиот клуб да се пласира во елиминациската фаза во Лига Европа.

Како привремен тренер е назначен досегашниот асистент на Виеира – Адриан Урсеа.

Виеира беше на чело на Ница од 2018 година кога дојде на местото на Лусиен Фавр кој тогаш отиде во Борусија Дортмунд.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата