Предметот НИП “Нова Македонија” со чие решавање практично се реализира купопродажниот договор меѓу НИП-от и Јавното станбено претпријатие, во петокот е завршен во Основниот суд Скопје 1 и препратен во Апелациониот суд. Ова вчера за “Вечер” го потврди претседателот на скопска единица, Добрила Кацарска, која остана на ветувањето дека овој суд предметот ќе го затвори најдоцна до почетокот на неделава.
Од Апелациониот суд, вчера ни изјавија дека предметот е дојден и дека е даден на распределување кај судија. Кога ќе се работи по него, како што велат високи извори од овој суд, е неблагодарно да се прејудицира, но конкретни информации ќе може да се добијат за два до три дена. Откако Апелациониот суд ќе ја потврди одлуката на Основниот, предметот ќе се смета за затворен и купувачот на големата зграда на некогашната “Нова Македонија” ќе може да ги префрли 6,6 милиони евра за кои го доби тендерот за купување на ова последно парче од НИП-от. (В.М.Б.)