x

Ним му бара клуб, Стојановски оди на позајмица

stojanovski

Со оглед на фактот што Влатко Стојановски изминатата сезона имаше многу мала минутажа во тимот на Ним, сега овој француски лигаш се обидува на нашиот сениорски репрезентативец да му најде клуб каде што ќе замине на позајмица и каде што ќе може да го покаже својот полн капацитет.

Очигледно дека за Стојановски беше преголем залак да се замине од македонскиот шампионат во францускиот, каде реално му требаше доста време да се адаптира. Сега Ним очигледно сака нашиот интернационалец да го испрати во средина која е далеку поприкладна за него во моментов и каде што Стојановски ќе може да биде еден од главните играчи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата