Иако поради пандемија од корона вирус не смее да излегува од дома, но приморана е поради терапијата која ја прима.

Текстописец Марина Туцаковиќ неколклу години се бори со тешка болест, а сега искрено прозборела за здравјето и понудите за работа.

“Па како сум, онака. Здравјето ми варира горе-доле. Мојата здравствена ситуација не е идеална, но 100 пати сум подобра отколку на почетокот. Што се однесува до финансиите, освен пензијата, дополнителни примања немам. Најмногу ми е фрка околу терапија и лекови кои многу чинат. Иако ситуацијата е таква каква што е јас несмеам од дома да излезам, морам да одам по болници на терапија, морам… рекла Марина и додала:

“Што се однесува до работата, слободно можам да кажам дека ништо не работам. Никој од пејачите не ми се јавува, буквално никој. Никој не бара текстови, бидејќи никој ништо не снима сега кога е криза и кога немаат каде да промовираат и да ги пласираат тие песни. Како тргнало кој знае уште колку ова ќе потрае“.