x

НИКОЈ НЕ СТАНУВА ШАМПИОН САМ: Аргентина со силно мотивирачко видео во битка со коронавирусот (ВИДЕО)

Аргентинската фудбалска федерација направи исклучително мотивирачко видео до сите Аргентинци и целото општество да се вклучат во активната битка со коронавирусот. Видеото ја има главната премиса – ОСТАНИ ДОМА.

„Никој не станува шампион сам. Ниту Диего во финалето ’86 без голот на Буру (Буручага н.з.) не би го подигнал пехарот“, се дел од пораките на АФА потенцирајќи: „Денес ја имаме најтешката средба во нашата историја“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата