“БИХ е поморска земја и никој не може да ни го сопре излезот на отворено море” – изјави претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Небојша Радмановиќ пред посетата на Санадер на Сараево. Тој додаде дека е добро што се отвораат граничните проблеми кои со години седат во фиока. Спорна е граница на реката Уна кај Костајница, но во моментов е приоритетен проблемот со излезот на БиХ на отворено море.