Легендарниот голман на Реал (М) и моментално чувар на португалскиот гигант Порто, Икер Касилјас, откри дека нема никаква дилема кога е во прашање епитетот најдобар голман на денешницата.

Поранешниот репрезентативец на Шпанија е убеден дека таа титула е наменета само за голманот на лондонскиот премиерлигаш, Тибо Куртоа.

Куртоа е најдобар голман во светот во овој момент. Тој има одлична сезона во Челси. Иако не игра со клубот во ЛШ, сепак, тој е маркантна фигура во Премиер – лигата и еден од најзаслужните што неговиот тим е лидер во англискиот шампионат. Куртоа би бил одлично решение за голот на Реал (М), изјави Касилјас.