x

Никој не гледа финале: Урнат негативниот рекорд за гледаност на финалните мечеви во НБА лигата

lebron

Првиот натпревар од финалето на плеј-офот во НБА лигата меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Мајами Хит го урна рекордот за најслаба тв-гледаност. Според достапните тв-рејтинзи, победата на Лејкерс од 116:98 ја следеле едвај 7,41 милиони гледачи во САД, со што е соборен негативниот рекорд од 8,06 милиони гледачи кои го следеа своевремено, третиот натпревар од финалето во 2003 година меѓу Сан Антонио Спарс и Њу Џерси Нетс.

Исто така, беше објавено дека овие 7,41 милиони се пад за неверојатни 45% во однос на гледаноста на првиот натпревар од финалето од минатата година меѓу Торонто Репторс и Голден Стејт Вориорс.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата