Актерката и ѕвезда на серијата „Чувари на плажатаа тоа“ Кармен Електра се прослави пред скоро 30 години, откако за првпат се појави на малите екрани и ги маѓепса гледачите со својот изглед уште во 1993 година.

Оттогаш, Кармен е во центарот на вниманието на медиумите и јавноста, нејзиниот живот и кариера се променија, но остана нејзиниот беспрекорен младешки изглед, на кој многумина му се восхитуваат.

Денес, 48-годишната актерка тврди дека за тоа може да се заблагодари на строгите диети, конзумирање на големи количини вода и внимателна нега на кожата со производи што не ги менувала 20 години, додека негира какви било естетски зафати на лицето.

Кармен деновиве лансираше и сопствен бренд за козметика GoGo Skincare и отворено зборуваше за обвинувањата поврзани со операции на лицето, истакнувајќи дека толку многу луѓе во Холивуд биле подложени на операција, што очигледно започнало да се зема здраво за готово.

– Да бидеме реални, ние сме тука во Холивуд и кога им ја раскажувам на луѓето мојата приказна, повеќето се шокирани затоа што со возраста жената треба да прави некои работи. Но, во мојот случај не е така, не сум била на операција и мојот младешки изглед е резултат на дисциплина и рутини за нега на кожата, изјави Кармен за „Дејли меил “.

– Ако направите нешто со многу љубов и грижа, тогаш не можете да погрешите, рече таа.