Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас поднесе оставка, еден ден по тензичниот состанок во кој се судри со министерот за одбрана, Панос Каменос поради Договорот од Преспа, објави „Катимерини“.

Извори за грчкиот весник „Катимерини“ тврдат дека Коѕијас бил незадоволен поради тоа што премиерот Алексис Ципрас не го поддржал во нападите против него упатени од Каменос, кој е исто така коалициски партнер.

извор: Makfax