Актерката Никол Кидман (39) е најбогатата млада Австралијка со имот проценет на над 200 милиони австриски долари, според магазинот Business Review Weekly.
Актерката, меѓутоа, го зазема четвртото место во годишната листа на најбогати во Австралија до 40 години, а пред неа се тројца мажи. Нејзиното богатство потекнува од разводот со американскиот актер Том Круз и нејзината филмска кариера.
Актерката која ја прекина љубовта со Круз во 2001 година, се омажи годинава за кантри-пејачот Кит Урбан. За венчавката, наводно, потрошила 100.000 долари за нејзината венчаница и тоалетите на девериците. По свадбата купи стан во Сиднеј вреден четири милиони долари.