Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во дневникот на Канал 5 посочи дека за овие три години како СДСМ е на власт кокаинот низ улиците на Република Македонија е подостапен отколку кока-кола.

Тоа е бидејќи СДСМ е во тесна коалиција со криминалните банди. Во однос на нашите кадри можам да кажам дека сме исклучително задоволни од перформансот што го покажуваат. А, во однос на условите во кои што се најдоа, сме апсолутно незадоволни, уште има министри, заменици министри кои што не можат своите кабинети да ги комплетираат со соработници кои им се потребни таму, затоа што има опструкција од министерството за финансии и останати институции што е некоректно„, појасни Николоски.

Николоски додаде дека и во такви услови кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада успеаја да најдат неправилности коишто се случуваат или се случувале на дневна основа во институциите во кои што се.

Има еден наплив на партиски вработувања и отворање на нови, денес дојде најави за 500-тини вработувања на пример во „Македонски шуми“, здравството се полни на дневна основа итн. Тоа е нешто што ја уништува атмосферата, прво тоа е класичен поткуп на гласачи, второ е трошење на буџетски пари. Понатака нема институција во која што не сме забележале директна злоупотреба која што е насочена во лична корист или во партиска корист, затоа излегуваат нашите претставници и ќе продолжат во иднина да излегуваат со уште пострашни работи“, истакна Николоски.