Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување на Алфа ТВ се осврна на пакетите со храна кои СДСМ ги дели за определени луѓе.

– Оваа помош е за корупција на гласачите, темпирано е на 10 дена, недела дена пред избори да се подели. Да не ме сфатат погрешно граѓаните, но ова што го дели СДСМ е поткуп, не е хуманитарна помош. 

Ова што го преставуваат како хуманитарна помош е за корупција на гласачи, нарачана била, и сега е поделена. Нека ме демантираат, нека извадат како е платено и кога е платено, порача потпретседателот на СДСМ Александар Николоски во гостувањето на Алфа ТВ.

– Се дели помош во Куманово каде носител е Оливер Спасовски во втора изборна единица. Се дели во Струмица каде носител во четврта изборна единица е Зоран Заев, се дели во трета изборна единица каде носител е Љупчо Николовски.

Точно се знае како се дава хуманитарна помош и на кого се дава, има критериуми, посочи Николоски. 

– Од каде е набавено, како платиле и кога платиле, ако платиле од каде им се парите и како направиле селекција кој да добие, кој да не добие, побара потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Производите се онаму од каде што успеале да изрекетираат. Ова што го прават е сериозно кривично дело, посочи Николовски.