ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот старт побара побара скрининг на населението за Ковид 19, да се види каде се жариштата, во тие жаришта да се прогласи кризна состојба, а остатокот од државата да функционира нормално истакна потптретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата „Јади Бурек“.

Овој предлог не бил прифатен од Владата поради тоа што како што вели Николоски на криминалната банда повеќе и одговора да вонредн да состојба во која криминалот слободно може да царува. Тој посочи на трите опожарени објекти во струмичката касарна каде згради градат токму Заеви.

„Знаете што им е целта, еве ќе бидам директен. Луѓето се во огромен страв и паника. Прва вест сами кажавте секогаш е, мерките, препораките итн. А тоа на нив им одоговара затоа што никој не зборува дали јанвиот превоз во Скопје е добар, дали има дупки по улиците, дали ѓубрето се чисти или не. Дали некој бандит до Прилеп близок до власта прави криминал? А прави. Дали некој бандит во Битола во РЕК Битола прави криминал? А прави. Дали фирмите на Заеви во Струмива прават криминал. А прават. Еве една провокација, случајно одат во пожар објекти во струмичката касарна или одат намерно, затоа што таму Заеви градат згради. Тоа не е тема во Македонија Ковид е прва тема. Три објекти изгореа во изминативе месец дена во струмичката касрна, случај нема. Во струмичката касарна згради градат семејството Заеви тоа го знаат сите во Струмица, вели Николоски.