– Предводник сум на тим кој во четвртата изборна единица ќе ја донесе обновата и овој крај ќе биде најпосакуваниот крај за живеење во Македонија. Со мојот личен кредибилитет и животен пат без црни дамки, со силна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери и сите граѓани ќе го победиме Зоран Заев на домашен терен. Од изборната единица четири почнува Обновата на Македонија!, напиша на својот Фејсбук- профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски откако претседателот на партијата Христијан Мицкоски објави дека Николоски ќе биде носител на 4-та изборна единица.