Ја имам честа следната недела да бидам поканет на молитвениот појадок кој го организира претседателот на САД, Доналд Трамп и така што во Вашингтон ќе ја имам таа ретка можност да присуствувам на молитвениот појадок, да се сретнам со бројни светски лидери и да размениме мислења. Ова е потврда за политиките на ВМРО-ДПМНЕ коишто отсекогаш биле и остануваат насочени кон тесна соработка со САД, истакна Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вестите на Канал 5.

Тој во вестите зборуваше за следните активноста на ВМРО-ДПМНЕ при што посочи дека партијата е посветена на подготовка на програмата бидејќи сака да има квалитетни програми и проекти и истакна дека се поизвесна е победата на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори.