За избори е несериозно да се зборува и нечовечки е во услови кога луѓе заболуваат и умираат од коронавирусот, треба да се издигнеме над ситуацијата, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата 360 степени на Алсат Телевизија.

„Избори во оној момент кога двата предизвици со кои се соочуваме, поврзани со коронавирусот, а тоа е здравствениот предизвик и економскиот ќе го дозовлат тоа. Во услови за три дена да имаме 115 нови случаи, неодговорно е да се зборува за ибори. Знам дека тоа е наратив кој го наметнува СДСМ, се надеваат на ниска излезност и со тоа да го намалат поразот, но тоа е неодговорно однесување и не смееме да дозволиме избори кои што ќе значат загубени човечки животи.“ вели Николоски.

Тој истакна дека ако во ваква ситуација имаме вакви бројки, може само да замислиме какви бројки ќе има  кога ќе почнат сите избори активности кои што се добро познати на граѓаните.

„Во Република Македонија има околу 3000 избирачки места, во просек има по 10 луѓе на избирачко место, тоа се 30.000 луѓе. Како ќе ги убедите да се појават на избирачко место и да имаат контакт со 400-500 или 600 луѓе во услови кога ги гледаат овие бројки. Затоа е несериозно со вакви бројки да се зборува за избори. Пропагандата на СДСМ е дека ВМРО-ДПМНЕ беа од избори, а во суштина ВМРО-ДПМНЕ е загрижено за здравствениот аспект на кризата, а подготвено е да оди на избори утре ако имаме бројки како Словенија или Хрватска.“ потенцираше Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека власта наместо да биде ангажирана во пи-ар и потпкуп на граѓаните, треба да се посвети на лоцирање и решавање на проблемите, граѓаните гледаат дека владата која ги носи мерките, самата не ги почитува.

„Ако продолжи овој пи ар и несериозен пристап на власта, во тој случај ќе имаме уште поголеми бројки. Ако работниот ден на Филипче почнува со двочасовна посета на пи-ар агенција, па после тоа краток состанок со комисијата на која се шмирглаат прес конференциите како што им одговара па потоа оди пресот, па со сликања, апсолутно не може да имаме различни бројки од овие.  Ако активностите на функционерите на СДСМ се насочени кон поткуп на ранливите групи во државава кои за жал ги злоупотебуваат, тогаш нема да имаме различни бројки од овие. Ако има посветеност и лоцирање на проблеми тогаш ќе има резултати.“ нагласи Николоски.