Фејсбук статус на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

ПРИЛЕП ЌЕ ПОБЕДИ!

Во градот Прилеп од ден во ден расте бројот на заболени од корона вирусот. Прилеп се соочува со голем предизвик – да се заштити здравјето на оние кои се заболени од вирусот и да се спречи понатамошното ширење. Посакувам брзо оздравување на сите! Изразувам сочуство на семејството на починатиот. Посакувам што помалку лоши вести да доаѓаат од Прилеп.

За ова да се случи потребно е итно да се направи масовен скрининг / тестирање на поширока бројка на луѓе кои индиректно би можеле да бидат под опасност. Тестови мора да се набават и да се направи ова тестирање за да се откријат сите жаришта.

Исто така повикувам што побрзо да стигаат резултатите на веќе тестираните. Информациите од Прилеп се дека луѓето чекаат по 5-7 дена за резлутат! Тоа е недозволиво долго време! Драгоцено изгубено време, зашто доколку навреме се детектира вирусот и веднаш се почне со терапија многу поголеми се шансите

.

Да се дозволи поголема слобода во однос на проценката на матичниот лекар за креирање на упати преку системот мој термин, да се направи скрининг на здравствениот персонал. Тие се нашите херои и се на првата борбена линија. Нив им е потребен соодветен заштитен материјал и опреми кои Министерството за здравство мора да ги обезбеди.

Исто така потребна е итна поддршка за стопанството – од најмалиот дуќан во прилепската чаршија до најголемата фабрика. На сите им треба поддршка! Особено се погодени дуќанџиите, малите семејни бизниси, занетчиите и сите кои живеат од својот труд. Потребен е посебен сет мерки и субвенции за нив. Затоа што стопанството мора да преживее за да може после кризата да се опорави и луѓето да ги задржат своите работни места.

Сите капацитети што стојат на располагање мора да се искористат! Мора да му се помогне на Прилеп како и на цела Македонија. Нема место за политика, сега е време да се спасуваат животи!

Поддршка за Прилеп и прилепчани! Заедно ќе го поминеме и овој предизвик!