Владата на Зоран Заев го става прашањето со Бугарија под тепих, велеше дека сите проблеми се решени и договорот е совршен, како и клучното прашање зошто се пристапува на овој процес нетранспарентно? – праша Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ  денеска во гостување во Телевизија 24.

-Денеска ќе поднесеме точка на дневен ред каде ќе бараме информација за текот на преговорите со Бугарија, како и изградба на Национална стратегија во однос на проблемот со Бугарија, затоа што власта не доаѓа на комисиска расправа, ќе бараме на пленарна седница да се изгради заеднички став и стратешки пат за идниот процес кој треба да е консензус од сите политички партии – потенцираше Николоски.

-Не е возможно таканаречениот нон-пејпер да излезе во Австрија, а да не го знае никој во Македонија,  како е возможно во Бугарија и Каракачанов, и Захариева и Борисов да даваат по пет изјави дневно за ова прашање, а во Македонија да нема никаква изјава, како е возможно во Бугарија претседателката на опозиционата партија да биде за информирана и да имаат консензус во однос на прашањето  со Македонија, а ние да дознаваме од вести, никој не не информирал за ништо, критикуваше Николоски.

Николоски истакна дека Заев е најголемиот експонент на бугарската политика во Македонија, како и тоа дека секаков компромис со историјата е загрозување на иднината на македонскиот народ.